Тешка сообраќајна несреќа во која настрада мотоциклист се случи вчера на раскрсницата помеѓу улицата „Димитрија Чуповски“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ во центарот на Скопје.

Во сообраќајката учествувале мотоцикл и полициско возило. Очевидци тврдат дека сообраќајната незгода се случила во моментот кога полициското возило полукружно вртело на раскрницата, при што моторциклот директно удрил во него.

На социјалните мрежи граѓаните раскажуваат дека при ударот мотоциклистот неколку секунди летал во воздух по што паднал на асфалтот, по што со тешки телесни повреди е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Повеќе информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден.

Фото: Ѕид на сообраќаен срам