Страшна несреќа во Скопје - младо момче се бори за живот

Во 14 часот на регионалниот пат Скопје-Козјак, во атарот на  селото Маркова Сушица, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Даеву Рејсер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот И.Ш. од селото Елово, скопско и Трактор „ИМТ577“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 58-годишниот Д.А. од селото Сопиште, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Ш. и сопатникот од возилото „Даеву Рејсер“, 26-гоидшниот Д.Ш. од селото Елово.  Со возило на Итна медицинска помош истите биле пренесени во Ургентен центар Скопје. И.Ш. по укажаната лекарска помош е задржан на КАРИЛ и се наоѓа во животна опасност, а Д.Ш е задржан на Клиниката за Торакална хирургија. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.