Страшна несреќа: Удрил во паркиран автомобил - еден загинат, четворица повредени

Едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајна несреќа која вчера утрото се случила на автопатот Куманово-Скопје кај клучка Хиподром.

Во несреќата учествувале автомобил „Фолксваген Голф“ со  скопски регистерски таблици и „Фолксваген Пасат “ со кумановски регистерски таблици.

-Во незгодата починал О.В.(37) од с.Трновац- Кратово, кој бил сопатник во „Пасатот“, додека со телесни повреди се здобиле М.Т.(47) од с.Трновац, Љ.Т.(52) од с.Крилатица, Г.В.(35) од с.Трновац, како и возачот на „Голфот“ А.Б.(25) од Скопје.

Незгодата се случила на тој начин што возачот на  „Голфот“ поради неприлагодена брзина  изгубил  контрола над возилото удрил во „Пасатот“ кој било застанат на сообраќајната лента за присилно запирање, излетал на десната страна од коловозната лента во зелениот појас и се превртел на кров.

„Пасатот“ од ударот се поместил и застанал на сообраќајната лента за возење (средна сообраќајна лента). Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Скопје.