Во петокот вечерта во два часот по полноќ, во полициска станица во Скопје било пријавено дека десет непознати лица, брутално претепале државјанин од Република Турција, со привремено сместување во Скопје, пишува во соопштение од полицијата.

Инцидентот се случил на улицата „Кеј 13-ти ноември“, каде Р.Џ.Ј бил физички нападнат, поради расправија во врска со девојка. Р.Џ.Ј со возило на Брза помош веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде што му биле констатирани телесни повреди, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата ги презема потребните мерки за пронаоѓање на напаѓачите и расчистувањ на случајот.