Странците ги издвоија десетте најубави македонски јадења – листата не поминува без тавче гравче и ајвар

Македонското тавче-гравче, ајварот и мусаката, како и неколку други традиционални македонски јадења, се промовирани на странски веб-сајт за кујна, мода, убавина и здравје.

Веб-сајтот topinspired.com објави 10 фотографии од највкусните македонски специјалитети, кои полека стануваат познати низ целиот свет.

Македонската кујна речиси секогаш е омилена кај странците, кои токму нашите традиционални јадења ги маѓепсуваат и ги тераат повторно да се вратат тука.

Еве кои се најубавите македонски специјалитети според веб-сајтот.

1.Тавче ориз со батаци

2. Македонска салата

3. Ајвар

4. Пастрамајлија

5. Пастрмка

6.Мусака

7.Сарма

8.Зелник

9.Тавче гравче

10.Турли- тава