Странците ги избегнуваат скопските хотели и резервираат ноќевања во други градови во државата

Десекратното зголемување на цените на скопските хотели за странците кои ќе дојдат на Суперкупот што ќе се одржи на 8 август, е политика на хотелиерите кои работат пазарно, на што не може да се влијае, е ставот на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.

Тие сметаат дека причина за тоа што странците ги избегнуваат скопските хотели и резервираат ноќевања во други градови во државата, но и во соседството, како на пример во Белград, Солун, Софија, е неподготвеноста на метрополата како дестинација.

За цените, Даниела Михајловска-Василевска од службата за информирање на Стопанската комора на Македонија, вели дека сега треба да се ангажираат надлежните инспекции и да направат контрола на понудите на Букинг, РБМВ и на другите интернет-сервиси преку кои се букира хотелско сместување.

Славе Сирачевски, исто така заменик-претседател на Здружението за туризам и угостителство, со високите цени некои хотели можат да останат празни.

- И ние сметаме дека цените се превисоки, но не ги знаеме официјално за сите хотелии и не би требало да зборуваме паушално. Тоа е нивна оценка, но со тие цени може да промашат, да не се пополнат, тоа е нивен ризик, вели тој.

Додека во Здружението за угостителство и туризам се воздржуваат од коментари за она што им се случува во секторот, британските медиуми на големо пишуваат дека угостителите во Скопје направиле кражба на навивачите на Манчестер (Ј), качувајќи ги цените на над 1.000 евра за ноќ. Исто така, некои македонски сместувачки капацитети одат до таму што ги откажуваат претходните резервации на соби по пониски цени за сега да ги понудат по далеку повисоки. Поради тоа, дел од странците ќе се сместат во Солун, Софија, Белград и ќе си заминат од Македонија веднаш по натрпреварот.