„Straight Mickey And The Boyz се динамичнa, фуриозна тројка, составена од одлични музичари, кои успешно ги имаат истиснато своите влијанија од разни стилови на рок музиката и имаат создадено свој уникатен музички израз.
Од нивното прво појавување во јавноста Stright Mickey And The Boyz презентираат својот groove-eрски торнадо, и многу бргу се етаблираа и собраа солидна база на фанови како во нивниот Белград така и во регионот, и баш поради нивните експлозивни настапи го добија и епитетот на бенд што мора да се види во живо“.
Вечерта ќе ја отвори мистериозното скопско дуо King's Peach.
Концертот е закажан во МКЦ.
28 декември (четврток), почеток 21:00.
Цена на билет 200 денари, достапни преку продажните мрежи на МК Тикетс, Купи Карти За Се' и на Билетарница МКЦ.