Стопирана предвидената сеча на 56 дрвја во општина Аеродром

Дрвјата на улицата „Коста Новаковиќ“ нема да се сечат, оваа одлука денеска ја донесе општина Аеродром, а во меѓувреме ќе се бара измена на проектот донесен од претходната администрација за проширување на улицата во која беше предвидена сеча на 56-те дрвја.


Како што информираа од општина Аеродром, улицата ќе се реконструира без да се сечат дрвјата и ќе се заштити зеленилото. Најавуваат реконструкција на тротоар, осветлување, велосипедска патека, санација на пристапите до паркинзите на зградите.

При реконструкцијата ќе се променат водоводните цевки, односно ќе се зголеми нивниот обем од 100 на фи 150, земајќи го предвид големиот број нови згради во тој регион.