Стомачни вируси деновиве ги наполнија клиниките

Кружат и заразуваат стомачни вируси, кои легнуваат во постела и дечиња и возрасни. Болни пациенти има и кај матичните лекари, но и во болниците и во клиниките, каде што се примаат посериозни случаи.

Вирусите предизвикуваат стомачни болки, обилна дијареа, а знаат да ја зголемат и телесната температура. Неретко, пациентите со стомачен вирус дехидрираат, па мора да примаат инфузии.

Лекарите велат дека граѓаните не внимаваат доволно на своето здравје.

- Има пациенти со стомачни вируси, но и такви што претеруваат со пиење студени пијалаци. Сега се стоплува и неконтролирано пијат студена вода, сокови, а тоа ја нарушува цревната флора, па се појавува диареја. Исто така промените на времето знаат да направат дисбаланс во организмот. Мора повеќе да внимаваме, да се облекуваме соодветно, ноќите се студени, нагласуваат тие.