Стипендии за ученици од социјален ризик во Центар

Во рамки на Неделата за борба против сиромаштијата, Општина Центар како и претходните години, ги додели стипендиите за ученици од семејства со висок социјален ризик.

– Тоа се ученици од нашите основни училишта кои покажуваат висок успех, а општината им дава финансиска поддршка во висина од 3.000 денари месечно во текот на целата учебна година, со цел да помогне на овие деца, на кои оваа наша помош им е најпотребна – информира градоначалникот Саша Богдановиќ.