Стипендии за најдобрите ученици и спортисти во Карпош

Најталентираните ученици и спортисти од Карпош добија стипендии кои свечено им го додели градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски.

Стипендии добија 57 најдобри ученици и спортисти од кои 29 се наменети за талентираните ученици, додека 28 се за талентирани спортисти од училиштата кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.

Градоначалникот Јакимовски им порача на учениците активно да се занимаваат со спортот, бидејќи на тој начин ќе се изградат во вистински личности кои ќе знаат што е одговорност, дисциплина и ред.

- Преку спортот ќе се научите и на солидарност, односно ќе научите да функционирате во тим. Никогаш немојте да се откажете, и запомнете од моето лично искуство, како поранешен спортист првак, поразите се уште поскапоцени, бидејќи од нив ги учите грешките, станувате посилни, го зацврстувате вашиот карактер и станувате потоа најсилни, потенцираше градоначалникот Јакимовски.