Стинг во Скопје ќе настапи пред минимум 25.000 публика

Според досегашната продажба, со сигурност можеме да гарантираме дека на концертот на Sting во Скопје ќе присуствуваат повеќе од 25.000 посетители, што го прави овој музички настан најголем досега во Македонија кога се во прашање концертите на светски артисти, коишто се со високо квалитативно ниво, велат од Авалон. 

Специјален гостин на Sting ќе биде Влатко Стефановски со неговото ново трио, со едночасовен настап.

Влезниците за концертот на Sting се продаваат преку продажната мрежа на Авалон, онлајн и секаде во регионот.

Концертот е закажан за 02-ри јуни на Градски!