Sting доаѓа во Скопје!!!

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња- STING!


STING заедно со The Rolling Stones, Bruce Springsteen, U2, Depeche Mode, Coldplay…, е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.STING е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти.

Дел од летото му е резервирано за Европа, а на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври.

На оваа турнеја, STING свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Lineup-от на неговиот придружен состав е како и секогаш со најпознати и најквалитетни светски музичари: Dominic Miller (гитара), Josh Freese (тапани), Rufus Miller (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на STING, ќе настапи и Joe Sumner.

Инаку, Авалон Продукција го потврди концертот на STING во Скопје на 05-ти мај, а според инструкциите на менаџментот на STING, како ден за објава на ова шоу е одбран токму денешниот ден.После повеќе од 200 концерти низ целиот Балкан, посебно не` радува фактот што сепак, врвот во досегашната работа на Авалон Продукција ќе претставува концерт на STING на 15-ти октомври во нашата држава Македонија, во Скопје.