Стефанова: Нема да конкурирам за шефица на СЈО

Од старт се оградував од Јанева. Треба да бидеме горди на расчистувањето на криминалот. Ова денеска го истакна Лиле Стефанова по одлагањето на рочиштето за Титаник.

- Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега. СЈО е во најтешката состојба од основањето. Затоа апелирам политичарите да седнат и да го донесат Законот за јавното обвинителство“, рече Стефанова пред новинарите.

Додаде и дека таа нема намера да конкурира за местото на Јанева која доби 30. дневен притвор.