Стефан Величковски ученик во четврто одделение во основното училиште „Александар Македонски“ ја освои втората награда на државниот натпревар по природни науки што неодамна се одржа на Природно-математичкиот факултет.
Стефан освои и трета награда на XXXV Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование.
Исто така, ученикот Стефан Величковски е активен спортист во пливачкиот клуб Орион, каде покажува солидни резултати и на зимското државно првенство го освои третото место во дисциплината штафета 4 x 50 m слободно.