Сте чуле за секс позата НЛО? Оние што ја пробале гарантираат галактички добар секс

Добри вести за авантуристите – за оваа поза не треба ниту посебни вештини, ниту пак некои реквизити, а не се бара ни од партнерите да бидат многу флексибилни. Но, потребно е поголемо искуство и добро познавање на своето тело. Имено, секс позата НЛО за секого значи нешто друго…

Оние што ја искусиле велат дека секс позата НЛО има многу заеднички нешта со Г-точката. Најпрво, и двете се мистериозни нешта со различно значење за секого. Како што сигурно и самите знаете, не постои едногласен став за тоа каде се наоѓа Г-точката, како и како се доаѓа до неа и како ја чувствуваат жените бидејќи секој опис досега е уникатен. Истото се случува и со НЛО позата.

Накратко, за НЛО поза се смета која било секс поза или сексуална рутина што најдобро ја стимулира Г-точката кај жените по што следува галактички добар оргазам. Со оглед на тоа дека секоја жена е уникатно градена, со различни желби и потреби, така и НЛО позата зависи од самата партнерка.

Па, ако имате потешкотии со наоѓање на вашата НЛО поза, пробајте ги следниве класични сексуални пози кои според истражувањата најдобро ја стимулираат Г-точката:

Каубојка – тој лежи на својот грб, а таа седи на него, со лицето свртено кон неговото

Кучешка – таа е на сите четири, а тој стои или клечи зад неа

Лажичка – таа лежи странично, а тој ја гушка од позади

Вулкански оган – таа стои на раце, а тој стои зад неа и ја држи за колковите

 Иако овие секс пози овозможуваат големо задоволство, сепак нема гаранција дека вашиот партнер со нивна помош ќе ја пронајде вашата Г-точка. Затоа и треба да продолжите да истражувате и да експериментирате се додека не го почувствувате тој неверојатен галактички оргазам.