Стартува Европското првенство за фудбалери до 21 година, Македонија дебитант

Од денеска па се до 30 јуни во Полска ќе се одржува Европското првенство за фудбалери до 21 година, на кое за прв пат ќе настапи и репрезентацијата на Македонија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски своето деби ќе го имаат утревечер (од 20:45 часот) против селекцијата на Шпанија, а во групата Б се уште и репрезентациите на Србија и Португалија против кои црвено-жолтите ќе играат редоследон на 20 јуни (од 18 часот) и 23 јуни (од 20:45 часот).

Во останатите две групи ќе играат:

А група: Англија, Полска, Словачка и Шведска.

Ц група: Чешка, Данска, Германија и Италија.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат победниците во трите групи и една (најдобра) второпласирана селекција.

На првиот натпреварувачки ден (денеска) ќе играат, Шведска – Англија (18 часот) и Полска – Словачка (20:45 часот).