Старите возила - најголеми загадувачи на воздухот

Индустриските објекти и огревното дрво не се најголеми загадувачи на воздухот во Македонија, туку согорувањето на горивата од увезените половни нееколошки возила.

Тие возила немаат заштитни филтри и катализатори и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот. Во ЕУ според легислативите просечната дневна емисија на штетни честички изнесува 50 микрограми на метар кубен, а кај нас според мерењата на штетните честички во воздухот изнесуваат меѓу 10 и 20 пати повеќе од дозволените граници.

Старите возила не ги исполнуваат декларираните еуро-нормативи и ја зголемуваат емисијата на штетни ПМ честички во воздухот.

Овие возила особено во последните пет години се внесени во голем број, кога и загадувањето на воздухот покажува најголеми размери.