Стариот закон уште ги „дрма“ сметките на граѓаните

Досега граѓаните за адвокатската награда во извршната постапка и за минимален долг од 1.000 денари издвојуваа и по 5.000 денари. Иако новиот закон за извршувањето стапи во сила од почетокот на годинава, пред три дена дефинитивно се објави пречистениот текст на намалената тарифа за адвокатите, која стапува во сила веднаш, со што се комплетираат законските измени, кои треба да ги заштити граѓаните од неправдите при извршувањето.

Според објавата во „Службен весник“, за различни видови поднесоци, меѓу другото и за предлог за извршување, за суми до 10.000 денари наградата е 1.000 денари, за тие со вредност од 10.001 до 50.000 денари - 3.000 денари, а од 50.001 до 100.000 денари наградата е 4.000 денари. Ова следува по реакциите дека и со новиот закон, извршувањето ќе остане скапо за граѓаните, бидејќи иако се намалија нотарската и извршителската тарифа, адвокатската, која досега беше и најскапа ставка, остана непроменета.

Новите правила за извршување со кои фирмите доверители треба авансно да ги намират извршителските трошоци десеткратно ги намалиле предметите што стигнуваат до извршителските канцеларии. Се проценува дека ако лани месечно имале по над 10.000 предмети за извршување, сега таа бројка се свела на само 1.000 барања.

Стар закон

И додека се чека да профункционираат новините во пракса, овие месеци се извршени или ќе бидат извршени над 60.000 решенија и тоа по стариот закон, по кој трошоците за извршување за должникот можат да бидат и десет пати поголеми од долгот. очекува Толку граѓани овие месеци може да бидат блокирани од извршител за некакви стари долгови, заборавени камати и ситни давачки при што и за минимален долг од неколку илјадарки можат да им бидат симнати од сметка по 10.000-15.000 денари. Ова се должи на зголемениот број на предметите што последните месеци од минатата година компаниите што нудат услуги за граѓаните ги испратиле до извршителските канцеларии. Се со цел да ги искористат „бенефициите“ од стариот закон, зошто со новиот тие треба авансно да ги платат трошоците за извршните решенија. Анализата на податоците на извршителите покажува дека ако во пракса годишно имаат по 140.000 барања за извршување, лани кај нив стигнале историски над 200.000 барања, а, според нивните проценки, најголемиот дел бил примен последните неколку месеци.

Новиот закон

Новиот закон, кој стапи во сила од почетокот на годинава, има цел да се ограничат извршните трошоци за комунални сметки на 50 отсто од висината на долгот, што практично би значело дека за долг од 1.000 денари, граѓаните не смеат да платат повеќе од 1.500 денари. Новина е дека нема да има блокирање на сметка додека извршителот не ве извести и не се исцрпат сите побезболни за должникот механизми за наплата и не се примени вонсудската наплата за комуналните долгови. Исто така, доколку се достави приговор на извршно решение по кое се постапува, извршителот нема да смее да го спроведе извршувањето се додека не се реши, односно приговорот го одлага извршувањето. Новите правила, кои веќе стапија во сила, треба да донесат поголема заштита на граѓаните должници, особено за сметки за комунални услуги.

air max 90 essential sale