Состојки:

- 3 јајца
- 9 лажици брашно
- 9 лажици шеќер
- 9 лажици масло
- 9 лажици млеко
- 1/2 прашок за печиво
- 2 ванилин шеќер
- кора од еден лимон
- шака сечкани ореви
- 150 гр. вишни

Подготовка:

Ги кршиме јајцата и ги раздвојуваме белките од жолчките. Жолчките ги матиме со 6 лажици шеќер, го додаваме ванилиниот шеќер, кората од лимон, млекото, маслото, брашното и прашокот за печиво. На крај ги додаваме белките кои претходно сме ги изматиле со 3 лажици шеќер. Калапот за куглоф го премачкуваме со масло и го набрашнуваме и ја истураме смесата за тестото, па ги додаваме оревите и вишните.