Стар Аеродром ќе добие уште две нови детски градинки – вети Коневски

„Денеска во населбата Стар Аеродром би сакал да го промовирам проектот од нашата предизборна програма за изградба на 2 нови детски градинки, во кои ќе можат да се згрижат над 500 дечиња“, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Аеродром Ивица Коневски на прес-конференција.

Тој додаде дека станува збор за градинките „Изворче“ и „Црвенкапа“, во чии рамки ќе бидат изградени двете нови градинки.

„Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и уште 20-тина други проекти, меѓу кои верувам на задоволство на нејзините жители, изградба на зелен парк меѓу новите згради и довршување на новата комунална инфраструктура“, истакна Коневски.

„Во соработка со Град Скопје, пак, ќе ја пробиеме улицата „Васко Карангелевски“  од булеварот „Трета македонска бригада“ до поликлиниката „Јане Сандански““, посочи Коневски.