Стапката на невработеност од 22,9 проценти е историски најниска до сега

Стапка на невработеност од 22,9 проценти во првото тримесечје од оваа година измери Државниот завод за статистика.

Во истиот период стапката на вработеност е 43,7. Или, од активното население кое брои 952.644 лица, вработени се 734.043, а невработени 218.601.

Стапката на невработеност од 22,9 проценти е историски најниска до сега, откако со години наназад континуирано е во пад.

Но, падот на невработеноста и во првото тримесечје од оваа година се смета за особен успех, затоа што земјата во тој период живееше во длабока политичка криза, која меѓу другото беше причина во истиот период кога невработеноста се намали, да падне и растот на економијата, спуштајќи се до нула.