Становите во Солун двојно поевтини отколку во Скопје

Грција се наоѓа во сериозна криза. Доказ за тоа се и евтините станови кои се продаваат во најголемите нејзини градови. Еден таков случај е и Солун каде што за само 10.000 евра може да се пронајде добар стан во самиот центар на градот.

Драстични разлики во цените на становите меѓу Скопје и Солун кои во одредени случаи, во зависност од големината и атрактивноста на локацијата достигаат и од 500 евра открива анализата на понудата на грчките и на македонските агенции на недвижности.

Во Солун стан од 80 квадратни метри може да се купи и по цена од 45.000 евра, што е речиси незвоможно да се најде во Скопје, макар објектот бил и во подалечните и не толку атрактивни населби во главниот град.

Ваквото намалување на цените на становите во Грција доаѓа откако државата ги зголеми даноците на недвижниот имот, што ја зголеми понудата на станови кај нашиот јужен сосед.

КОИ СЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА СТАН ВО ГРЦИЈА?

Еве се пресметките за еден стан од 40 квадрати. Цена: 30.000 евра; Данок за пренос на сопственост: 900 евра (3%); Нотар: 900 евра (3-4%); Впишување: 180 евра (0,4%); Преведувач: 100 евра; Адвокат: 500 евра; Агенција: 1.200 евра; Приклучок за вода и струја: 250 евра; Годишен порез: 120 евра. Вкупни трошоци: 4.030 евра!