Станбено осигурување за 1 денар дневно од Еуролинк

По повод одбележувањето на својот 15-годишен јубилеј, Еуролинк осигурување лансира специјална промотивна понуда на својот веќе добро познат продукт за станбено осигурување – Доми Комплет. Најпродаваниот производ на оваа осигурителна компанија се продава по уникатна цена, односно за 365 денари годишно за првата година на осигурувањето. Оваа привилегирана понуда следува со потпишување на тригодишен договор за лојалност, a се однесува на сите нови клиенти, но и на постоечките кои ќе го обноват својот договор со Еуролинк осигурување.

Со одбирање на Доми Комплет на Еуролинк, клиентите добиваат осигурување на домот и покуќнината, осигурување на сите членови на домаќинството, и тоа од широк опсег на ризици како пожар, удар на гром, експлозија, провална кражба, излевање на вода од инсталации, гром, луња и град, експлозија, паѓање на летала и многу други, а со оваа осигурителна полиса се покриваат и трошоци за нужно сместување.

Дополнително, овој продукт бесплатно нуди уникатни покритија кои се единствени на македонскиот осигурителен пазар, како осигурување од земјотрес, кршење од стакло, трошоци за нови документи и клучеви, незгода за целото семејство, домашни миленици и патничко осигурување.

Со склучување на договор за лојалност на три години со Еуролинк, Доми комплетот во првата година на осигурување чини 365 денари или 1 денар на ден, а втора и третата година на осигурување чинат 2.400 денари годишно или 200 денари месечно.

Доми Комплет пакетите за станбено осигурување гарантираат функционалност на домот и обезбедуваат континуитет на комфорот на семејствата наспроти ризиците на кои тие секојдневно се изложени.

Со оваа атрактивна цена на станбеното осигурување Доми Комплет од 1 денар на ден, Еуролинк осигурување ја потенцира својата 15-годишна стратегија насочена кон континуиран и долгорочен раст и паралелно градење поинакво осигурување за целосно задоволување на потребите на клиенти, формирајќи подобрени понуди од постојните и нови осигурителни производи.

Повеќе информации клентите може да добијат на www.eurolink.com.mk или на телефонскиот број 02/15 888.