Станбено осигурување - дали навистина ми е потребно?

Кога зборуваме за домот, зборуваме за една од најважните и највредните долгорочни инвестиции затоа што токму домот е нашиот живот. Тука се создаваат највредните спомени со нашите најсакани, тука се нашите почетоци и нашата иднина. Затоа, без разлика дали купувате нов дом или сте веќе сопственик на имот, станбеното осигурување е нешто на што треба да размислувате. Домот за речиси секое семејство е најголемото вложување во животот и токму затоа и треба да го зашитите, особено од ризици кои најчесто не се во ваша контрола.

Но, доколку сè уште се прашувате зошто е неопходно да си го осигурате домот, еве неколку причини:

Станбеното осигурување ќе ја заштити целата градба

Во случаи кога може да настане делумна и целоста штета на градежната структура на станот или куќата, ДОМИ Комплет станбеното осигурување финансиски ќе ви помогне да ја надокнадите штетата. Штета на градежната структура може да настане од различни причини, како што се пожар, гром, луња, поплава од инсталациите во домот, при демонстрации и во сите овие случаи, доколку ви е домот осигуран, може да побарате финансиска надокнада за да ги поправите штетите.

Станбеното осигурување ќе ја заштити вашата покуќнина и техничка опрема

Предметите во домаќинството можат да бидат оштетени или целосно изгубени од истите причини од кои може да настрада градежната структура на домот, но и од кражба  и разбојништво. Доколку имате обезбедено ДОМИ Комплет станбено осигурување навреме, ќе имате финансиска потпора за да ја надокнадите штетата. 

Станбеното осигурување ќе ве заштити од одговорност кон трети лица

Соседите и добрите односи со нив секако го збогатуваат секојдневието на секој дом. Несаканите штети во домот лесно и брзо можат да се пренесат кај соседите, без да имате можност да ги спречите, па покрај тоа што треба да се грижите како да поправите во вашиот дом, дополнителен терет ви е и штетата што сте ја причиниле кај соседот. ДОМИ Комплет станбеното осигурување го зема ова предвид, и ќе ви обезбеди финансиско покритие за полесно да се справите со ситуацијата. 

Станбеното осигурување ќе ве заштити при повреди во домот

Ниту едни финансиски средства не можат да надокнадат нечија повреда или живот. Сепак, можат да обезбедат олеснување и неопходна нега во најтешките моменти. Така, доколку некој од членовите на домот кој е осигуран се повреди при штета која се случува во домот, како на пример при пожар, при кражба или како резултат на друг ризик од кој домот е осигуран, осигурувањето ќе ги покрие трошоци за лекување или ќе обезбеди финансиска надокнада.

Станбеното осигурување ќе ви помогне да се чувствувате безгрижни и да спиете мирно

Полисата за станбено осигурување е еден вид на финансиски штит за домот при несаканите и непланирани ситуации, што ви дава причина да бидете безгрижни! Се обезбедува на годишно ниво, и со тоа можете да бидете сигурни дека Вашиот дом има соодветна заштита во секое време, каде и сте.

Имајќи предвид дека клучната работа е осигурувањето да го имате навреме, не ја одлгајте оваа одлука. Информирајте се за ДОМИ Комплет полисата за станбено осигурување од Еуролинк која нуди најдобри уникатни покритија, и претставува виситинска комплетна заштита за целото домаќинство. Повеќе информации тука