Станав мајка и тоа ми го уништи пријателството со најдобрата другарка

Бевме најдобри другарки. И одеднаш – престанавме да се дружиме.

Се знаевме цел живот. Двете бевме млади, уживавме во младоста и во животот. Бевме една до друга за секој настан, секоја тешкотија и секој проблем. Одевме на забави, споделувавме се. Сите знаеја дека сме најдобри другарки. Ретко можевте да нѐ видите разделени. Нашите дечковци секогаш мораа да го пројдат тестот. Нејзиниот дечко мораше да ми се допадне мене и обратно, мојот дечко мораше да и се допадне неа.

Нашето пријателство почна да се оладува кога го сретнав мажот со кој се омажив по некое време. Сите бевме излезени заедно: јас и мојот дечко, таа и нејзиниот. После некое време таа раскина со него, а јас завршив со бурма на раката. И постојано се трудев да бидам покрај неа и го делев времето помеѓу мојот вереник и другарка ми. Но, потоа јас веќе влегов во брак и мојот живот почна да се менува. Таа беше старосватица на мојата свадба. Еднаш додека бевме излезени, таа ми рече: „Само некој да почнеш да раѓаш бебиња. Имаш време.“

Но, една вечер јас и мојот сопруг решивме да пробаме да имаме деца и по некое време останав трудна. Таа се преправаше дека е среќна, но и двете знаевме дека сега има пречки меѓу нас. Таа се шегуваше дека ќе станела тетка.

Бременоста не ми легна најдобро и често бев болна. И не ја видов со месеци. Кога конечно се видовме, јас бев подуена. Таа се обидуваше да го скрие шокот од тоа што се случи со моето тело. Од ептен слабичка до крупна жена.

Таа не дојде да ме посети во болница и тоа ми беш чудно. Но, откако ме пуштија од болница, дојде кај мене дома. Не сакаше да го држи мојот син во раце, рече дека ќе и паднел и воедно се гадеше кога го хранев. Донесе подарок, седеше и збореше со мене некое време и потоа си отиде. Никогаш повеќе не дојде во мојата куќа.

Се среќававме само надвор. Но, не беше исто. Јас повеќе не сакав да се журкам и морав да си одам порано за да го заспијам детето. Повеќе не можев да флертувам со млади и згодни момци. И еднаш кога син ми беше со мене, таа ми рече:

„Не може некој друг да ти го чува времето кога излегуваме?“

„Не!“ – одговорив.

„Аха“ – рече таа.

И така, пријателството коешто траеше 15 години, се распадна. Јас изгубив другарка. Не можев веќе да се журкам. Нејзе и се гадеше од деца. Тоа беше тоа и тоа беше крајот.

Таа продолжи да ми крева на телефон, но секогаш имаше некој изговор за тоа зошто не може да ме види. Сѐ уште се журкаше. Јас седев дома со бебе. Повеќе немавме ништо заедничко. Готово беше.

Одвреме-навреме ја гледам на Фејсбук. Сѐ уште е сама, сѐ уште патува низ светот, сѐ уште се журка. Понекогаш и завидувам. Но, обожавам тоа што сум домаќинка и се грижам за домот. Таа би рекла дека си го губам времето и животот, но тоа не е мој тип на феминизам.

Навистина ми недостасува. Посакувам заедно да ги поминевме сите овие животни промени. Но, очигледно за неа ова беше пријателство од интерес, пријателство за журкање.

Се надевам дека еден ден ќе се среди. Се надевам еден ден ќе има деца. Мислам дека само така повторно може да се зближиме. Но, не се надевам нешто премногу. Да, ми недостасува. Но, таа сама го направи својот избор.