Пожар избувна во стан во Скопје на улицата Даме Груев. Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот пред да се прошири во останатите станови и простории.

На терен освен противпожарните возила можеа да се забележат и две возила на итната медицинска помош и полиција.

Станарите изјавиле дека долго имале проблем со станарот, па не се сомневаат дека го запалил станот, а тој сега е во полициска станица.

Неофицијално само еден пожарникар побарал медицинска помош.

Станар од петти кат се жалел дека не може да излезе. Тој и неговата жена не можеле да дишат од чадот, а се уште не биле евакуирани.