Стан на рати што не знаеш дали ќе го доживееш или живот со свекор и свекрва?

Заврши факултет ајде што се чека мажачка, женачка, дечиња....Си велиш, да си направам мала пауза да се прошетам да се забавувам ама блиските почуваат да те притискаат , па како така ајде вденаш работа и свадба.

За да не ти се исмејаваат, за да не те озборуваат... Што ќе кажат соседите ако имаш 30 години и си уште си неженете/немажена или роднините од околу потпрашуваат ајде кога дете веќе 2 години си во брак? Си велиш добро ајде ќе створам семјество, но, каде ќе живеам со моите или нејзините родители ли ќе си отплаќам стан на рати во наредните 30 години.

Значи сите што не успеале сами да си купат куќа или стан и живеат кај родителите на едниот или другиот се паразити? А што се оние кои се осудиле да земат кредит и да свијат свое гнездо водени со мотото сам свој газда, и на крај кога од платите им останува само за леб и маргарин трчат редовно кај своите родители за помош?

-Ако се живее кај родителите на едниот не значи дека тој ќе ве издржува или е должен да ви ги гледа децата, туку ви дава покрив на глава, а поделбите ќе си ги направите сами.Јас живеам со свекор и свекрва. На почетокот имавме недоразбирања, но по некое време се смирија работите. Живееме во куќа, но на различни спратови седиме, вели Ангелина од Радишани.

Има многу парови кои поради несогласувањата или пак немање доволно простор за живеење во заедница се решаваат да земат стан на кредит.

-Не можам да замислам да живеам со свекор и свекрва, едноставно подобро е кога ќе отидам еднаш неделно кај нив на гости така повеќе си се почитуваме и сакаме. Станот го земавме на кредит и ќе го отплаќаме наредните 30 години, вели Наташа од Капиштец.

Нормално како и секоја работа и оваа си има позитивни и негативни последици.

Позитивни: Има кој да ти го причува детето во секое време, најчесто постарите готват, можност за делење на сметки за водаи струја (или пак старите целосно да ви ги плаќаат).

Негативни: Мешање во кавгите со партнерот, мора први да ги пречекаат гостите, дежурни коментатори на што треба и што не треба, се мешаат во воспитувањето на децата.