Стабилна здравствената состојба на бебето чија мајка почина на породување во Скопје

Од работа времено се отстранети двајцата анестезиолози од КАРИЛ кои биле на породувањето во Санте Плус кога почина родилката од Кичево како последица од анестезијата.

Сител дознава дека на едниот од нив му се заканува и отказно решение бидејќи незаконски присуствувал во приватната болница.

Од инспекторатот најавија дека повеќе нема да коментираат се додека стручната комисија не заврши со надзорот.

-Стручната комисија формирана од Министерството за здравство се уште го испитува случајот со смртта на родилката од Кичево која почина пред една недела. Покрај обемната медицинска документација со која располагаат како и надзорот што го направиле во Санте Плус, неопходно е да ги имаат изјавите на сите инволвирани во процесот на породувањето како и транспортот до скопските клиники. Дури тогаш ќе излезат со официјален извештај.

Стручните лица треба да разјаснат дали правилно се постапувало во случајот. Во меѓувреме од Детска клиника информираат дека новороденчето е во значително подобрена здравствена состојба и се уште е на одделот за Интензивна нега.