Српски физичар објаснува: земјата е рамна! Имам и докази за тоа!

Српскиот физичар Божидар Николиќ е убеден дека земјата е рамна и дека луѓето се лажени целото ова време. Според него, факт е дека не знаеме доволно и дека лесно можеме да бидеме манипулирани. Тој е физичар со сериозно реноме во својата област, но сепак, убеден е дека живееме на рамна плоча.

Во западниот свет, оваа теорија зема силен замав особено во последните неколку години. Со години се „шушка“ но сега, поради олеснетиот начин на комуникација преку интернетот, почитувачите на оваа теорија стануваат се погласни.

Божидар Николиќ е доцент на Факултетот за физика во Белград, каде одржа предавање во рамки на кое ги објасни своите ставови по прашањето на рамната земја. Неговото предавање беше од отворен карактер, а ниту еден од присутните не изложи доволно добар аргумент во полза на земјата како топка.