„Срничките“ на прошетка низ Скопје (ФОТО)

Децата од големите воспитни групи од објектот „Чекорче“ деновиве имаа еднодневна прошетка, запознавајќи се со убавините и  богатство на Скопје, информираат од општина Аеродром.

Децата го посетија Археолошкиот музеј, Спомен куќата на Мајка Тереза и се запознаа со некои карактеристични објекти лоцирани на плоштадот Македонија. Тие ги разгледаа културно – историските обележја и места, а потоа ги насликаа и на цртеж.

-Овие активности детската градинка „Срничка“ ги спроведува во рамките на проектот „Градот низ детските очи“, кој има за цел јакнење на чувството на припадност кон својата држава. На тој начин кај децата се поттикнува високо ниво на распознавање и именување на карактеристичните обележја на културата на својот град, неговата историја, институции и споменици, стои во соопштението од општина Аеродром.