Да, убаво го прочитавте насловот. Верувале или не, но сосема е можно да бидете среќна личност која има тажна душа.

Ова обично им се случува на луѓе кои имаат убав живот, прекрасни пријатели и многу можности, но сепак поминале низ многу тешки моменти во животот.

Можеби изгубиле личност која им била блиска и со себе понела дел од нивната душа, а можеби им било скршено срцето и се чини дека не може да се поправи штетата.

Како и да е, не е лесен тој живот.

Луѓето секогаш мислат дека животот ви е совршен и дека секогаш сте среќни, иако во суштина само добро ја прикривате болката.

Можеби го правите тоа за да не ги загрижувате пријателите и семејството... Никој не сака да се дружи со некој кој е оштетен и повреден, нели? И никој не сака родителите да се грижат за нив!

Но, секогаш ќе има некој кој ќе го открие тоа прикривање.

Во мојот случај тоа беше мојата најдобра другарка на факултет. Втората година на факс беше ужасно лоша за мене. Еден ден, другарка ми ме праша дали сум добро, на што јас одговорив: „Да, да, супер сум!“, со таа моја насмевка која ја користев за прикривање болка.

Таа ме погледна и ми рече: „Не, не си.“ И не бев... воопшто не бев. Јас бев изгубена, исплашена и повеќе не знаев која сум.

Сѐ уште си го сакав животот, семејството и пријателите, но не бев вистински среќна. Фактот дека имав барем една личност која сфаќаше дека не сум океј ми помогна многу, затоа што барем пред неа не морав да глумам, затоа што таа ме сфаќаше.

Ако го читате ова со надеж дека ќе ви понудам совет за оваа подвоеност меѓу вашата душа и личност, жал ми е, ама немам некој посебен совет. Но, можам да ви кажам да уживате во добрите денови, затоа што тие ќе бидат неверојатни и да ги издржите тешките денови затоа што дури и ако имате чувство дека се неподносливи, сепак следуваат уште поубави денови и запомнете, вие сте тука со причина!