Среќата е многу едноставна работа!

Станувам.
Жива сум.
Здрава сум.
Опкружена со зеленило.
Убав е летниот ден.
Одам низ шумата за да го размрдам телото и зглобовите.
Го пијам моето омилено кафе и го правам она што највеќе го сакам.
Мислам на мојот прекрасен внук кој ќе го видам во петок.
За два дена ќе се врати мојата ќерка од одмор и одвај чекам да ги слушнам нејзините впечатоци и да поминеме неколку денови заедно.
Имам прекрасно семејство и сите сме здрави.
Кројам планови за есен и зима, затоа што следуваат толку прекрасни случувања.
Денес сум и на масажа која знам дека ќе ме опушти.
Гледам во синото небо и му се заблагодарувам на Бог за моето изобилство.
Признавам дека сум свесна за тоа колку ми е животот исполнет и дека празнината доаѓа одвнатре, а не однадвор. 

Среќата е едноставна и доаѓа одвнатре. Никогаш однадвор.