Средношколец од Скопје повреден при пад од втор кат во хотел во Прага

Средношколец ученик во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“  е повреден и хоспитализиран во болница по пад од прозор на втор кат во хотел во Чешка, дознава Скопје Инфо. 

Средношколците пред неколку денови заминале на ескурзија низ неколку европски земји. Инцидентот се случил кога средношколецот застанал на прозор да пуши цигара, по што изгубил контрола и паднал.

Ескурзијата сеуште е во тек, а средношколецот со тешки телесни повреди е задржан во болница.

Повеќе детали за настанот се очекуваат во текот на денот.

new nike air max 2019