Средба на градоначалникот Трајановски со борците од Градскиот одбор на НОАВМ

Во чест на 13. Ноември, Денот на ослободување на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утрово се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојуз на борци од Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Борците на средбата во Кабинетот на градоначалникот евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, на овој ден пред 71 година, а градоначалникот Трајановски изрази длабока почит спрема нив и благодарност за нивниот придонес за ослободувањето на Скопје.

- Денеска славиме 71 година од ослободувањето на Скопје, односно го славиме 13 Ноември денот кога Вие и Вашите соборци сте се бореле за негово ослободување и на средбата со Вас се обидуваме да се сетиме на некои моменти од историјата, но ова е и одлична можност да се договориме какви чекори треба да преземеме за зачувување на тие спомени и добри дела, што беа пример за нашите генерации, но и за следните генерации коишто доаѓааат. Јас и граѓаните на Скопје чувствуваме неизмерна почит за борците коишто пред точно 71 година ги дадоа животите за слободата на овој град. Во тек е возобновувањето на Споменикот на стреланите и Работилницата за производство на експлозивни направи, а готови се и бистите на хероите Панче Арсовски и Панче Неделковски. Бистата на Панче Арсовски ќе се постави во средното училиште на Град Скопје кое го носи неговото име, а бистата на Панче Неделковски во Градскиот парк- истакна градоначалникот Трајановски.

За време на средбата, Трајко Стаматовски од име на борците ослободители на Скопје му се заблагодарија на градоначалникот Трајановски за приемот, како и за добрата соработка и поддршката, што тој им ја дава на членовите на Сојузот на борците.