Сред центар: Скопјанка останала без својот мобилен

На 11.03.2016 година околу 19,00 часот во Скопје на ул.„Солунска“ Р.Б.(41) додека се движела непознат сторител од позади грб и се доближил и и го грабнал телефонот од рака со кој истата во моментот разговарала по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 11.03.2016 година во Скопје на ул.„Сливовска“непознат сторител со употреба на подесен алат насилно го отворил прозорот од кујната по што се прекачил и влегол во станот сопственост на В.Р.(62) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит и 40 евра по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.    

Истиот ден во Скопје на ул.„Милан Марковиќ“ непознат сторител откако влегол во станот каде како подстанар живеел Ј.М.(46) и извршил тешка кражба при што одзел 1500 евра, 1500 српски динари и документи по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 92.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.      

cheap nike air max 90