Срцевите болести најчеста причина за смртност во Македонија

Повеќе од половина од смртните исходи во земјава се последица на кардиоваскуларни заболувања. Надлежните апелираат да се подигне свеста за здрав живот, кој значи превенција од срцевите заболувања и обезбедува поквалитетно живеење.

Докторите препорачуваат особено да се внимава на ризик факторите за да се намали шансата за комликации од кардиоваскуларни заболувања.

Фактори на ризик се: високиот крвен притисок, околу 12,8% од случаите кои боледуваат од оваа болест се изложени на овој ризик. Потоа, пушењето цигари е со 12,3%, алкохолот со 10,1%, зголемувањето на холестеролот на крвта со 8,7%, здебелувањето игра важна улога со околу 7%, потоа тука е и генетската предиспозиција, како и недоволната физичка активност.