Србите бараат помош од Македонците за сезонска работа- еве колку плаќаат

Во средината на мај има голема понуда за сезонска работа во Србија што нуди можност да се заработи, но и да се стекне искуство.

Предност секако имаат Србите, но поради зголемената работа, тие бараат помош од Македонците.

Најплатени се работите за селење на имот, промоции, но и угостителство каде се заработува дневница од 3500 динари, пишуваат српските медиуми. 

Во задругите знаат освен плата да им дадат и бонус на работниците. 

Сезоната почнува од средина на мај до средина на октомври. 

Заинтересираните може да берат  и овошје, а работа има повеќе од лани. 

Работа има за студенти, но и за постарите луѓе. 

Работниците кои имаат пракса и искуство се во предност. 

За одредени сезонски работи се плаќаат од 150 до 200 динари по работен час. 

Досега се покажало дека за сезонска работа, високото образование не е пресудно и дека многу често и оние со пониски квалификации добро се снаоѓаат.