Србин залепил фолија, па се обидел да влезе во Македонија со лажен пасош

Вчера во 16.30 часот на Граничен премин Аеродром „Александар Велики“  Скопје, при пасошка контрола на 50-годишниот Н.Х. од Република Србија, било утврдено дека врз биометриската страница е залепена дополнитена фолија и се познаваат траги од бришење во делот на органот кој ја издава патната исправа. 

Лицето е приведено, а во 18.30 часот е предадено на инспектори од СВР Скопје  за понатамошна постапка.