Спречена тешка кражба, три момчиња фатени од алфите

Секторот за Внатрешни Работи во Скопје поднесе кривична пријава против А.В. (24), К.Ј. (18) и еден шеснаесетгодишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 27.01.2017 година во Скопје во автосервис на ул. „Александар Македонски“ пријавените извршиле тешка кражба, одземајќи поголема количина на професионален работен алат во вредност од околу 448.500 денари,  а откако сакале стоката да ја натоварат во комбе, биле  спречени во намерата од страна на полициски службеници од единицата АЛФА.