Спречен нов пожар на дивата депонија помеѓу Бардовци и Ново Село

Од општина Карпош известуваат дека денеска нивни инспекциски екипи интервенирале на дивата депонија помеѓу Ново Село и Бардовци и спречиле поголемо ширење на пожар. Токму оваа дива депонија беше најчестиот загадувач изминативе месеци откако за сега непознати сторители постојано ја палеа.

- Спречено е поголемо ширење на пламен на отворено, утринава, во реонот Бардовци и Злокуќани.
Нашите инспекциски служби беа во вонредна контрола, при што е констатирано дека пожарот е предизвикан од човечки фактор.
Контролите се интензивираат! Нема да има толеранција за ниту еден загадувач - информираше Стефан Богоев, градоначалник на општина Карпош. 

Во меѓувреме на дивата депонија се уште се исфрла шут и смет кој најчесто во вечерните часови се пали од непознати сторители, инфоирмираат жителите од двете села. Присатапот до неа е од страната на општина Ѓорче Петров и за сега никој не презеде никаква адеквата заштита на животната средина а ниту пак некој беше казнет по некоја основа.