Според организаторот: На митингот на ВМРО-ДПМНЕ над 19.000 луѓе

Над 19.000 граѓани присуствуваа на денешниот протест за правда што го предводеше партијата ВМРО-ДПМНЕ, тврдат организаторите.

Протестот започна пред зградата на Основното јавно обвинителство, а заврши пред Врховниот суд.

Пред зградата на Јавното обвинителство вечерва во 18:15 часот почна протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Поддржувачите на партијата и присутните граѓани се движеа по кејот на реката Вардар, се до Врховниот суд.

Протестот, според организаторот, има за цел да покаже дека одговорност мора да има и оти за неправдите е виновен поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев.

Пред присутните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој истакна дека судската и обвинителската власт, како што рече, се брутално згазени.