Според новиот Закон за енергетика кој е во владина процедура, централната власт ќе го гради само примарниот гасовод и нема да биде надлежна за гасификационата мрежа  во општините.Таа надлежност сега ќе биде во рацете на самите општини.Градоначалници ќе треба да најдат модел како ќе изградат мрежа до секој дом.

Општините ќе имаат три модели односно начини на изградба на гасоводната мрежа.

Првиот е ако имаат доволно средства во оштинскиот буџет па да ја изградат сами.Вториот начин е преку јавно приватно партнерство, додека третиот и последен начин е да изберат компанија која ќе го направи тоа.

Вицепремиерот Анѓушев воедно нагласи дека новиот предлог закон за енергетика е резултат на европското искуство во енергетиката во последните 50 години и дека ќе спречи повторно да се прават грешките што се направени.

– Овој закон само ќе обезбеди поголема конкуренстност во снабдувањето на сите енергенси, а со тоа и пониски цени и ќе ја спречи комоцијата во енергетските компании да пријавуваат трошоци кои некој ќе ги прифаќа, а ќе ги плаќаат сите граѓани, рече Анѓушев и посочи дека пред се нема да има комоција во ЕЛЕМ кој ќе мора да работи на слободниот пазар и да биде попродуктивен и повеќе да произведува.

Тој кажа дека со новиот закон нема да се приватизираат ЕЛЕМ и МЕПСО и дека двете компании долгорочно ќе останат во сопственост на државата.

Во врска со евтината тарифа за струјата, Анѓушев кажа дека секој од снабдувачите ќе им нуди посебни пакети на граѓаните за евтина тарифа за што претходно ќе треба да склучи договор со операторот на дистрибутивниот систем за да се прилагоди на договорот што го имаат снабдувачите со клиентите.

За субвенционирање на енергетската сиромаштија, што е предвидено во новиот закон за енергетика, рече дека очекува да почне од 2019 година по вовоедувањето на универзалниот снабдувач на пазарот и исполнувањето на сите подзаконски акти. Помошта од државата, како што кажа, ќе се однесува за најранливите категории на граѓаните.