Споменикот на „Александар Велики“ предаден во рацете на Град Скопје

Споменикот на „Александар Велики“ скопскиот аеродром – замина во рацете на Град Скопје, дознава Телевизија 24.

Бронзената статуа на војсководецот висока метро и половина доцна беше демонтирана од аеродромот на барање од Владата – сега му се придружи на споменикот на Ќосето – во магацините на Металски завод.

,,Ги завршивме речиси сите работи поврзани со Одлуката на Владата за промена на името на аеродромот. Сите задачи, како дел од овие активности, се направени во рамки на нашите трошоци. По отстранувањето на споменикот, истиот е доставен на надлежните владини институции’’, велат од ТАВ.

Дали со промената на името на аеродромот и отстранувањето на симболите поврзани со Александар Велики – ќе се остварат и најавите на отворање на авиолинија Скопје – Атина, нешто за што најава имаше уште минатата година кога грчкиот авиопревозник „Еџиан ерлајнс“ соопшти дека компанијата ќе воведе нови авиолинии меѓу кои и директен лет Скопје-Атина. Сепак, засега до Агенцијата за цивилно воздухопловство - ниту една авиокомпанија не побарала дозвола од нив за воспоставување на директен лет со Атина.

„Ниту една компанија до сега не побарала дозвола за воспоставување директен лет Атина-Скопје-Атина“, велат од Агенција за цивилно воздухопловство

Споменикот на Александар Велики на аеродромот кој до неодамна го носеше неговото име беше поставен на аеродромот во 2011 година, како подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативен директор на концесионерот „ТАВ“, кој од 2010 година управува со аеродромот.