Споменик на двоглав орел во Чаир: Граѓаните рагираат, државата немоќна

На кружниот тек во населбата Топанско Поле, во општината Чаир, изминатите денови беше поставен споменик двоглав орел, сличен на оној што е поставен на мостот на Бит-пазар. Споменикот е поставен на кружниот тек помеѓу улиците Лазо Трповски и Втора македонска бригада, веднаш пред мини-трговскиот центар во населбата.

Со аплаузи и овации, граѓаните вчера го поздравија свеченото спуштање на црвената завеса  и откривањето на споменикот двоглав орел во Топанско поле.

Пред четири години, на мостот на Бит-пазар, исто така беше поставен споменик на двоглав орел, за кој надлежните од општината Чаир информираа дека не знаат кој го поставил. Според неофицијалните информации, споменикот беше поставен на Денот на албанското знаме и во чест на стогодишнината од формирањето на албанската држава.

На социјалните мрежи изминатите денови не стивнуваат реакциите. Граѓаните гневни коментираат дека споменикот мора да се острани и за тоа недлежните инситуции мора да преземат веднаш соодветни мерки. Албанците, пак спротивставено со коментира забележуваат дека нема сила која во оваа држава може да го тргне ова спомен обележје.

Градските власти веднаш со соопштение ја информираа јавноста дека постаментот е поставен од страна на непознати лица и дека од нивната страна е побарано соодветна реакција од надлежниот инспекторат.

Од Државниот инспекторат за градежништво информираа дека добиле барање за поставениот споменик.
- Инспекторите веќе беа на самото место. Станува збор за градба од втора категорија, која спаѓа во надлежност на локално ниво, односно во надлежност на општината Чаир. Побаравме од општината соодветни документи за поставувањето на споменикот. Доколку ги немаат, односно доколку немаат решение, побаравме доставување управен акт за отстранување на споменикот - истакна Марина Накева Кавракова, директорка на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија. Од општината Чаир нема информации за поставувањето на споменикот. Не успеавме да добиеме никој од надлежните.