Споделете ги овие совети со луѓето кои највеќе ги сакате...

Кога јас би била некоја која би ја послушале, на која би ѝ дозволи дека ви скрати непотребно одолжување, да ви сочува малку нерви, би ги рекла овие работи:

Прегрнувајте се. Откако поминаа 16 дена без да прегрнам некого, имам чувство дека емотивно закржлавев. Нека не ви биде срам. Прегрнете се цврсто, нежно, оставете траг и земете нешто за себе. 

Не трчајте. Преку улица, ни по луѓе, ниту за некаква работа, не трчајте само затоа што другите трчаат, ако тоа не е ваша страст. А ќе знаете кога не е. 

Не ја барајте секогаш вината во себеси. Па не може баш секогаш вие да сте виновни. Бидете малку понежни кон себеси. Не мора баш вие да го носите целиот свет на рамена.

Простете. Порано замерував на многу луѓе затоа што мислев дека треба да ги прават работите на одреден начин. А која сум јас да го правам тоа? Простете. Тоа не значи дека морате да преминете преку сѐ. Нешто ќе простите и ќе го затворите тоа прашање. Нешто ќе простите и ќе продолжите понатаму. Запомнете дека и вам ви простувале.

Сакајте. Не се штедите, не мерете, не пресметувајте. Ако сакате да бидете со некого, јавете се, пишете порака, изненадете ги. Ако не бива, барем ќе знаете на што сте. 

Не бидете себични. Тргнете го егото на страна. Признајте кога ќе згрешите. Кажете кога нешто не знаете. Па што ако заплачете. Не кукајте и не се самосожалувајте.

Дајте сѐ од себе за да не зборувате лошо за луѓето за кои тврдите дека ги сакате. Да, понекогаш ве понесува атмосферата. Но, сепак внимавајте.

Грижете се. Помнете. Внимавајте. Чувајте. Не заборавајте. Кога сакате некого, тоа се подразбира. Но, за да се развива една врска, мора да се грижите за неа. Да слушате, да молчите. Да кажете кога не се сложувате, но и дадете комплимент кога треба. 

Излезете од тој круг дека нешто ќе пропуштите. Што ќе пропуштите? Понекогаш делува како да е крајот на светот, но нема ништо да пропуштите. 

Не тупете. Немојте секогаш нешто да ви е тешко или да не ви е погодено. Или направете го тоа или не го правете. Не значи дека ќе биде совршено, а и кој рече дека мора да биде?

Не се споредувајте. Ниту некој е како вас, ниту вие како некој. Не барајте лошо во некоја личност само за да се чувствувате подобро. Или обратно. 

Чувајте го вашето семејство. Не ги земајте здраво за готово. Ако сте имале среќа да имате семејство. 

И ДАВАЈТЕ. Дајте отказ, бакнеж, насмевка, бакшиш, колаче, лајк, емоција, давајте онолку колку што имате, затоа што навистина имате многу. Ние сме прекрасни личности. Само треба да се случи нешто за да собереме и одземеме и да дознаеме што имаме и сфаќаме дека имаме многу!