Споделено родителско отсуство ќе овозможи поголема родова рамноправност на жените

Воведување споределно родителско отсуство, без притоа мајките да го изгубат стекнатото право на отсуство од девет месеци, со еден месец за должително отсуство за мажите предлагаат од Реактор – Истражување. 

Оттаму сметаат дека со ова ќе зголеми родовата еднаквост, ќе се намали дискриминацијата на жените на пазарот на труд, но и ќе се овозможи и мајките и таковците да се вклучат во грижата за детето од најрана возраст. Од Министерството за труд и социјална политика се согласуваат дека е потребен нов модел, но посочуваат дека за него треба да има согласност од сите засегнати страни.

Од Реактор велат дека постојниот модел кој право на родителско отстсуво на мајката, а можност таткото  да користи само доколку мајката се откаже од сопственото право е многу застарен модел. Во светски рамки, велат, во последните две децении интензивно се применува модел на мајчинско, татковско и споделено родителско отсуство.

– Тестиравме модел кој предвидува на постојните права на жените од девет месеци мајчинско породилно отсуство, да се додаде еден задолжителен месец за таткото, кој би го користел виднаш по раѓањето, а дополнителни три кои би влегле како родителско отсуство, кои може да ги користи другиот родител односно таткото, но доколку не се искористат не можат да се префрлат на другиот родител односно на мајката, значи би се изгубиле, рече Марија Башевска, претседател на Реактор пред почетокот на панел дискусијата „Споделено родителско отсуство – Зошто е важно, најдобри практики и искуства".

Таа додаде дека ваквиот модел би имал подолгорочни позитивни ефекти за подобрување на економската положба на жените на пазарот на труд, што би значело и намалување на родовите јазови што постојат во однос на вработеноста, платите пензиите, намалувње на дискриминација на жените на пазарот на труд поради нивната репродуктивна улога, но би влијаело позитивно и на демографската слика на нашата земја.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека оваа панел дискусија е дел од серијата разговори со сите социјални партнери во однос на изработката на новиот закон за работни односи, од кои дел треба да биде и родителското отсуство. Таа се согласува дека ово модел е помалку ригиден иако во минатото се правеле обиди родителското отсуство да биде флексибилно и тоа никако не било постигнато. Но за нов модел, додаде, треба да се согласат сите засегнати страни.

-Така сé уште имаме еден ригиден закон во кој мајката го остварува и стекнува правото, а таткото може да го искористи до колку таа се откаже. Со тоа ги спречуваме татковците да имаат сопствено право на родителско отсуство и присуство со детето во првиот период по раѓањето, рече таа.

Додаде дека треба да се разгледат меѓународните истражувања и пракси со цел да се усогласат овие права меѓу двајцата росители и со тоа да се обезбеди можност и двајцата да учествуваат во растот и развојот на детето.

– Ние како МТСП имаме почетни позиции, но сакаме да чуеме и предлози и по сите ќе дискутираме. Важно е сите засегнати страни да се усогласат околу нов флексибилен модел за да можат родителите да го споделат правото на родителско отсуство, рече Царовска

Според неа, на ваков начин, државата ќе покаже дека ја почитува родовата рамноправност и се грижи преку ваков тип флексибилни мерки да го унапреди наталитетот, без намалување на женските права.