СПЦ им забрани на свештениците да наплаќаат услуги на верниците, а нашите тријат раце за Задушница

Доколку свештениците на СПЦ бараат награда за венчавка, погреб, крштевка или осветување на вода, може да добијат опомена, укор, преместување во друга парохија или да ја изгубат службата. Оваа одлука беше донесена минатата година. 

Свештениците кои од верниците ќе изнудуваат награди за службите ќе бидат казнувани.Тие не смее да бараат дополнителни пари за погреби, крштевки, венчавки. Доколку се утврди дека направиле прекршок, може да бидат сменети, па дури и доживотно лишени од свештеничкиот чин. 

И додека во СПЦ е оваа правило, нашите свештени лица имаат ценовник. И за крштевање и за венчавање, и за крстење вода по домовите и за сечење на славски колач. И за погреби и за Задушници.