Спаси ме од наивното уверување дека сѐ во животот мора да оди глатко...

„Господе, не молам за чуда и привиденија, само те молам за сила во секојдневниот живот.
Научи ме да умеам со мали чекори.
Направи ме попаметен и поснаодлив,
такашто ќе можам да пронајдам важни откритија и искуства во разноликоста на животот.
Помогни ми подобро да го искористам своето време.
Дај ми да видам што е важно во животот, а што не е.
Те молам за снагата на дисциплината и умереноста, да не брзам само низ животот,
туку да живеам разумно и да ги препознаам неочекуваните уживања и висини.
Спаси ме од наивното уверување дека сѐ во животот мора да оди глатко.
Сакам трезвено да препознаам дека нашите тешкотии, неуспеси, грешки и застои во животот ни се дадени само за да растеме и да созреваме.
Прати ми ја вистинската личност во вистинскиот момент, која ќе има доволно храброст и љубов за да ја говори вистината.
Знам дека голем дел од проблемите сами се решаваат, затоа те молам да ме научиш на трпение.
Ти знаеш колку многу ни се потребни нашите пријатели.
Направи достоен за тој најубав, најтежок, најризичен и најкревок животен подарок.
Дај ми доволно фантазија за да можам со некого да споделам малку топлина,
на вистинското место, во вистинското време, со зборови или со молчење.
Поштеди ме од стравот дека пропуштам нешто во животот.
Не ми го давај она што го сакам, туку она што ми треба.
Научиме да умеам со мали чекори!“

Оваа малку позната молитва ја напишал Антоан де Сент-Егзипери, познатиот писател кој сите го знаеме по неговото најпознато дело „Малиот Принц“. Тој ја напишал оваа молитва во еден од своите најтешки периоди во животот. И токму таа нѐ потсеќа на она што е навистина важно во животот!