„Спасете ги ѓорчепетровци, почнете да казнувате!“

„Утрово во депонијата во Ново Село, Ѓорче Петров континуирано продолжува фрлањето градежен шут, кабаст отпад, мрша и гуми.
Ѓорче Петров со денови е едно од најзагадените места, а властите немаат слух. Спасете ги Ѓорчепетровци, почнете да казнувате!“ - утрово осамна објава на ФБ-страницата „Скопје се гуши“. 

На фотографиите јасно се гледа како огромни камиони истовараат отпад до пречистителната станица во Ново Село, веднаш до населбата Даме Груев.